Да, точно е. Можете сами, дома да подготвите лак за коса кој ќе биде направен од потполно пириодни состојки, кои со сигурност ги имате дома.
Потребен ви е еден лимон, и две шолји вода. Исцедете го сокот од лимонот и ставете го во водата. Ставете го да врие, се додека не изврие половина од течноста. Оставете ја течноста да се излади, па ставете ја во шише со распрскувач. Ако лакот ви е премногу леплив, ставете уште малку вода и 0,03 дл алкохол.
Вака подготвениот лак може да го користите две недели, доколку го чувате во фрижидер.
