Иако постојат многу лосиони, креми за сончање и средства за заштита од сонце, разни мириси и заштитни фактори, многумина сè уште преферираат природни лосиони со проверени состојки. Едноставно се прават и траат подолго време.
Ние ви даваме рецепт за домашно приготвување на крема за сончање од само 3 состојки:
Веќе може да ги имате сите три состојки дома, кокосово масло, црн чај и ланолин. Ако немате една од овие, тогаш веројатно е ланолин кој може да го купите во аптека.
Овие состојки се специјално избрани за овој природен рецепт, бидејќи го забрзуваат процесот на добивање на боја, заштита од сончева светлина и ја прават кожата мека, задржувајќи ја влагата. Покрај тоа, црниот чај содржи антиоксиданти кои ќе го одржат вашето тело здрави дури и по изложување на сонцето.
Прво сварете 3-4 ќесички од црн чај и нека се излади малку на собна температура. Потоа ставете во блендер 3-4 лажици кокосово масло, 3-4 лажици ланолин и половина од варениот чај. Измешајте 2-3 минути и нежно додајте го остатокот од чајот. Измешајте додека состојките не се соединат.
Ставете го во сад или шише и црвсто затворете. Бидете внимателни кога го користите овој лосион бидејќи може да остави траги на облеката.
Друга предност на овој лосион е тоа што вашиот тен ќе биде темен долго време дури и до зимскиот период.