Art & Crafts

Направете сами марамче за впивање на боја за во машина за перење

Често пати за да бидеме побрзи и поефикасни во текот на перењето на алишта во машината за перење ставаме облека во различна боја.

Така заштедуваме на сметките за струја и вода, но за да не направиме штета на алиштата ставаме купечки марамчиња за впивање на боја.

Затоа денес ви предлагаме да направите сами такво марамче кое е ефикасно и многу поевтино од купечкото.

Потребни состојки за марамче кое ќе ја собира бојата:

  1. Бела ткаенина (памучна крпа)
  2. Сода за перење (тоа не е исто што и сода бикарбона)
  3. Вода

Белата ткаенина исечете ја на квадрати со големина отприлика 8х10 см.

Во сад ставете 200 милилитри вода и лажица сода за перење (можете да ја купите во подобро снабдените маркети, најчесто се наоѓа на полиците со останатите детергенти за перење.)

Натопете ги крпчињата додека не ја впијат течноста.

Оставете ги да се исушат.

Напиши коментар