Art & Crafts

Направете сами освежувач за воздух во вашиот дом

Ако вашиот дом постојано мириса на готвена храна, на цигари или на нешто друго и сте пробале голем број освежувачи, но не сте баш задоволни, ние ви нудиме предлог решение кое е ефтино, ефикасно и трае долго.

 

Потребни сосотојки:

Жлистови желатин (цело пакување)

Етерично масло со мирис кој вам најмногу ви се допаѓа

Една до две лажици сол

Боја за храна

Две чаши вода

Тегла

 

Подготовка:

Најпрво измешајте ги етеричното масло и бојата на храната. Потоа треба да се стопат желатинот и солта во топла вода. Додадете ги сите состојки во садот и варете. Добро се мешајте за да не се создаде пена. Ставете го растопениот желатин во теглата и оставете го во фрижидер да се олади и зацврсти. По неколку часа кога мешавината ќе стане тешка, ставете го капакот на садот и тоа е тоа. Користете го овој освежувач секогаш кога сакате!

 

 

Напиши коментар