Еден од најкреативните начини на примена на ароматерапијата е да направите парфем по ваш вкус. Може да користите широк спектар на мириси и на тој начин да добиете одличен природен парфем.
Парфем направен за лични потреби може да се изработи во растително масло или во 96% алкохол. Маслените парфеми се понежни, и мирисот на кожата може да остане од четири до шест часа, за разлика од алкохолниот, кој многу побрзо ветрее. Се препорачува користење на маслото од јојоба, бидејќи тешко се расипува, нема мирис така што нема да може да го прикрие мирисот на етеричните масла.
Пред изработката, важно е да се знае дека етеричните масла се поделени во зависност од јачината на трите ноти – горна, средна и долна нота. Најгорната нота содржи цитрусни масла, растителни зачини, масла од багрем, мандарина, лимон и слично. Овие мириси го даваат почетниот мирис на парфемот. Средната нота вклучуваат масла добиени од цвеќиња (здравец, иланд иланг, итн), и ги поврзуваат етерични масла од “горните ноти”, го продолжуваат траењето и да создаваат врска помеѓу горната на долната нота. Конечно, во долната нота спаѓаат масла добиени од коренот на дрвото, семето, смолата и слично. Тие имаат длабоки и интензивни ароми и го забавуваат испарувањето и го продолжуваат времетраењето.
Да се создаде убав и пријатен парфем, сите три ноти мора да бидат претставени, каде најгорната нота треба да надвладее (40-50 отсто).