Art & Crafts

Направете сами: Пилинг за темето на главата за косата да ви стане уште погуста

Подеднакво важно како миењето на коса е и темелното миење на темето на главата .

Ако често се користи шампон за суво перење, лак, пена и други производи за обликување на косата, тогаш со текот на времето во пределот околу темето се создава природна маснотија  што може да предизвика појава на првут, прекумерно гудење на косата и чешање.

Затоа од време на време потребно е да се направи детоксификација на вашето теме, односно пилинг за да може кожата да дише. Сите што ви требаат за да направите пилинг на темето веќе го имате во вашиот дом.

Дерматолози препорачуваат  да додадете шеќер или крупна сол во вашиот шампон и со таа смеса да го измасирате темето. Повторете ја постапката еднаш неделно и за кратко време вашата коса ќе се обнови, ќе биде поубава, блескава, здрава и ќе расте многу побрзо.

Напиши коментар