← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами: Солен спреј за коса за совршена летна фризура

Направете сами: Солен спреј за коса за совршена летна фризура
145 Читања

Дефинираните прамени кои ѝ даваат на косата привлечна шик текстура се клучен елемент на актуелниот бохо стил. Го обожавате совршено несовршениот лежерен изглед на косата по излегувањето од морска вода? Можете да го пресоздадете и дома со помош на солен спреј за коса.

 

Многу реномирани козметички брендови нудат различни варијанти на солен спреј, но наместо да си го празните паричникот, издвојте неколку минути за да го подготвите во домашни услови.

КАКО ДА НАПРАВИТЕ СОЛЕН СПРЕЈ ЗА КОСА?

За вашата коса да изгледа како да сте го поминале денот на плажа, неопходно ви е:

  • шише со распрскувач
  • 1 шолја жешка вода (250 мл)
  • 1-2 лажици морска сол
  • 1 лажица регенератор за коса или кокосово масло
  • 1 лажица гел за коса (по избор)

Ставете ја во шишенцето жешката вода и додајте ги останатите состојки. Добро протресете. За неодолив мирис можете да додадете неколку капки етерично масло по ваш вкус. Изберете масло чиј мирис одговара со мирисот на кокосовото масло или регенераторот кој ќе го користите.

СОВЕТИ ЗА УПОТРЕБА

  • Протресувајте со шишенцето пред секоја употреба;
  • Не го прскајте на корените доколку сакате поголем волумен;
  • Најдобро е да го нанесувате спрејот кога вашата коса е полу-влажна;
  • Откако ќе завршите со нанесувањето, оставете ја косата природно да се исуши без да користите фен;
  • Доколку вашата коса е права, фатете ја во навртена пунџа, повеќе „мали полжавчиња“ или сплетете си крупна лабава плетенка;
  • Не го користете спрејот премногу често, бидејќи солта може да ви ја оштети косата
  • Не ставајте гел ако сакате идеално мека коса.

Независно дали ќе ги пуштите слободно меките брановидни прамени или ќе ја соберете косата во „ноншалантна“ пунџа или плетенка, солениот спреј ќе придонесе фризурата  да има богата текстура и незаменлив летен шарм.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk