Спас за домаќинки кои не сакаат да пеглаат: Од сега, можете да направите спреј за исправување облека.
Повеќето жени без размислување признаваат дека повеќе од се мразат да ја пеглат облеката и тоа им го одзема слободното време. Сепак, постои решение кое значително ќе го скрати процесот на пеглање.
Откриен е спрејот за корегирање на облеката, која секоја домаќинка може да ја направи.
Потребно ви е:
400 мл дестилирана вода
1 лажица омекнувач
1 лажица алкохолен оцет
празен распрскувач
Во празниот распрскувач, истурете 400 мл дестилирана вода во која ќе додадете една мала лажица омекнувач и една лажица алкохолен оцет. Добро измешајте и спрејот за пеглање е готов за употреба.
Начин на употреба
Откако ќе го подготвите спрејот, време е за “пеглање”. Постапката е како што следува: Спрејувајте ја сувата маичка или било кое друго парче облека, израмнете ја облеката со рацете, ставете ја на закачалка и почекајте малку да се исуши. По сушењето, “испегланите” алишта се подготвени за носење.