← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами: Уникатно ланче од врвци за чевли

Направете сами: Уникатно ланче од врвци за чевли
210 Читања

Доколку имате ланче кое веќе ви е здосадено, за вас ја имаме совршената преобразба на истото!

Од старото ланче со алки во комбинација со интересни врвци можете да направите интересен и шик моден додаток. изберете бои по ваша желба и вкус и создадете уникатно ланче кој во еден потег може да се врати во првичната состојба.

За овој уникатен моден додаток ви е потребно:

Долго ланче со алки
2 врвки за чевли (боја по желба)
запалка
ножици

Начин на изработка:

Долгиот синџир ставете го на половина. Потоа земете ја врвката и од едниот ред на алки почнете да ја провлекувате низ останатите алки се додека не дојдете до крајот.

Идеално би било да оставите барем 15 центиметри врвка надвор од ланчето, за полесно заврзување. Врвовите на врвката исечете ги во “V” и кратко запалете ги, како би останале уредни и се одбегне нивното ресење.

Низ другата половина протегнете ја другата врвка и повторете ја постапката. Внимавајте врвките да се со иста должина.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk