← НАЗАД НА БОЗА

Направете сами влажни марамчиња

Направете сами влажни марамчиња
27 Читања

Дали знаевте дека влажните марамчиња можете да ги направите дома? И тоа со помош на едноставни и лесни рецепти и состојки кои секако ги имате во својот дом.

Состојки:

2 дл. вода

2 лажици детска купка

1 лажица бебешко масло

ролна кујнска хартија

Постапка

  1. Исечете ја хартијата на половина.
  2. Измешајте ја водата, купката и маслото во чаша.
  3. Во поголем сад ставете половина хартија и истурете ја подготвената течност. Оставете ги покриени околу десет минути додека хартијата не ја апсорбира течноста.

  1. Откријте го садот и внимателно отстранете ја картонската ролна од средината. Така ќе го извлечете и првото влажно марамче, а остатокот само ќе следи.

Ваквите влажни марамчиња можете да ги чувате во затворен сад околу една недела.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk