Со парче филц, неколку украсни траки игла и конец направете прекрасни цветови кои ќе можете да ги ставите на маичките, украсите за коса и сандалите. Изборот на боја е ваш…
Мало парче филц исечете го во круг. Тоа ќе биде подлогата. Исечете ја украсната трака во цик – цак форма како на сликата. Потоа со игла и конец почнете да ја прицврстувате на кругот од надворешната страна. Откако ќе го завршите првиот круг, започнете нов круг и така сè додека не ја пополните целата подлога. Секој пат кога почнувате нов круг малку поместете ја траката навнатре, така што надворешните лакови останат видливи.
Цветот финиширајте го со некакво украсно копче или друг моден додаток кој ќе го залепите или пришиете во средината на цветот.

Кругот од филц пресечете го малку на едната страна и низ него провлечете обична шнола. Цветот е готов и можете да си го искомбинирате со денешната гардероба.
