Доколку ние се прашуваме, точките се секогаш во мода! Токму затоа, во денешниот „направи сам/а“ текст ви прикажуваме како да ги претворите здодевните еднобојни фустани во уникатно шарено парче облека.
Потребни материјали:
– боја за ткаенина во повеќе нијанси (по избор)
– пом-пом чипка за ткаенина
– машина за шиење
– игла и конец
– тркалезно сунѓерче
– фустан
Упатство:
1. Фустанчето убаво распослете го на рамна површина, а потоа со боите започнете да му нанесувате точки во различен редослед користејќи сунѓерест апликатор.
2. За да го забрзате процесот на сушење користете фен.
3. Пом-пом чипката зашијте ја на дното на фустанот со помош на машина (иако можете и рачно да ја сошиете, само ќе ви одземе малку повеќе време).
Тоа е се. Добивте шармантен и уникатен фустан за топлите летни денови, во кој ви гарантираме дека ќе бидете забележани.