← НАЗАД НА БОЗА

Не можеме да си ја замислиме есента без нив: 4 најубави сакоа за оваа сезона

Не можеме да си ја замислиме есента без нив: 4 најубави сакоа за оваа сезона
254 Читања

Тоа ќе го надополни секој стил и едноставно не дозволувајте оваа есенска сезона да ви помине без ново сако во гардероберот.

Парчето без кое не може да се замисли ефективната модна комбинација, сакото, оваа сезона исто така зазема посебно место во модните комбинации на најпознатите дизајнери на денешницата. А, оваа сезона во тренд се следниве модели кои не можете да ги заобиколите во следниот шопинг.

Карирано

Карираното сако се врати на голем врата. Па, ако сте фан на овој дезен, оваа есен секако инвестирајте во карирано одело и ќе бидете целосно во тренд.

Во беж боја

Капутот со беж боја е вечен моден класик, исто како и сакото, а оваа есен овие две безвременски парчиња се спојуваат во едно. Сако во неутрална беж нијанса ќе се вклопи совршено во секој ваш стил.

Сомот

Оваа сезона сè е во меките удобни парчиња, но она кое што апсолутно морате да го имате е сакото од сомот. Сакото од сомот секое издание ќе го направи тренди!

Statement

Сакоата се во мода повеќе од кога и да е, особено оние statement  – со впечатливи бои, материјали, дезени … Можете да ги носите и во дневни и во вечерни варијанти, бидејќи тие се женствени, смели и поинакви, затоа бидете храбри, ослободете ја вашата имагинација и направете ја вашата оригинална комбинација. Ако внимателно го вклопите, тоа ќе ја освежи вашата гардероба и ќе внесе шик нота.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk