← НАЗАД НА БОЗА

Не оставајте го детето во автомобилот: топлината во затворен автомобил станува смртоносна?

Не оставајте го детето во автомобилот: топлината во затворен автомобил  станува  смртоносна?
97 Читања

Не ги оставајте деца во автомобилот додека “завршувате нешто” – постојат редовни медицински и медиумски предупредувања, бидејќи за многу кратко време топлината во автомобилот може да стане опасна по живот!

Речиси 750 деца загинаа во последната деценија, бидејќи беа оставени во затворен автомобил, каде во некои случаеви колата била паркирана под сенка. Во просек триесет деца умираат во САД секоја година, бидејќи се оставени сами во автомобил.

Имајте го на ум дека децата се почувствителни на температурните промени од возрасните, полесно се загреваат и многу потешко се ладат. Тие исто така не можат да го напуштат автомобилот ако не се добро.

Научниците, со помош на лекарите, пресметале дека телесната температура од 40 Целзиусови степени е доволна за да ги поттикне сите симптоми на топлотниот удар, што може да резултира со откажување на органите, оштетување на мозокот или смрт.

“На сите од нас барем еднаш ни се случило да  влеземе во жешка кола и ние дури не можеме да го допреме воланот. Замислете тогаш како му е на еден нежен организам кој седи таму “, изјави климатологот Ненси Селовер на Универзитетот во Аризона.

Исходот зависи од здравјето и издржливоста на детето или миленичињата, тип на автомобил и надворешната температура, но пораката е дека тие никогаш не ги оставајте во автомобилот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk