← НАЗАД НА БОЗА

НЕ СТЕ НАСПИЕНИ? Ослободете се од подочниците во два едноставни чекори

НЕ СТЕ НАСПИЕНИ? Ослободете се од подочниците во два едноставни чекори
137 Читања

Не е лесно во утринските часови да се сокрие фактот дека сте имале непроспиена ноќ затоа што ве издаваат изразените подочници.

Нив можат да ги предизвикаат различни фактори, од надворешни влијанија, преку солена храна, до замор и стрес, а му даваат на лицето исцрпен изглед и му додаваат години. За среќа, ситуацијата ја спасува шминката.

А ако до тогаш безуспешно сте се обидувале да ги покриете подочниците со коректор и пудра, тогаш сте го прескокнале трикот со мраз. Обидете се со оваа едноставна и брза beauty рутина и во само два чекори потполно покријте ги подочниците:

ЧЕКОР: Замрзнете ги

Студот помага да се олесни отокот и црвенилото околу очите и ги намалува подочниците. Можете да се обидете да ја замрзнете маската за лице што ја користите или да ги завиткате коцките мраз во хартиена крпа и да ги ставите под очите.

Држете ги на лицето околу десетина минути, а потоа нежно измасирајте го подрачјето под очите со прстите за да поттикнете подобра циркулација.

ЧЕКОР: Покријте ги

Нанесете го кремот или серумот за површината околу очите пред да ги покриете подочниците со коректор. Потоа, следува коректорот кој, по третманот со мраз, сигурно ќе има многу подобар ефект.

На крајот, нанесете пудра што ќе го изедначи тенот и целосно ќе ги маскира подочниците.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk