Мода

Неизбежни модни парчиња за есен 2018

Есента е можеби најинспиративното време кога станува збор за модата. Слоените фустани и бохо детали со комбинација на широк спектар на облека е вистинска забава за секој од нас.

Ви донесуваме некои must have парчиња, кои секоја жена оваа есен треба да ги има во нејзината гардероба.

  1. Миди фустан

Оваа есен најнапредниот модел ќе биде бохо, миди фустан со цветови. Тие совршено се комбинираат со кожна јакна и претставуваат комбинација на нежна и силна жена. Во прилог на нив, најпопуларниот тренд се фустани, кои се едноставни а се шик, соодветен избор за секоја пригода.

  1. Сако

Сакото е омилено парче облека, бидејќи идеално се комбинира и на секој look му дава доза на сериозност. Секоја жена треба да има барем едно добро сако, бидејќи тоа е непогрешлив избор за секоја пригода.

  1. Чевли

Оваа година, патиките се омилено парче обувки! Комбинирајте ги со убави фустани, деловен outfit и облечете ги и со фармерки. Покрај тоа што секогаш ќе изгледате тренди, ќе ви биде удобно, и што е најважно, кога ќе треба да го поминете целиот ден надвор.

  1. Здолништа

Тексас здолништа, оваа есен ќе бидат апсолутно must have! Покрај нив, постојат и здолништа со копчиња и плиширани здолништа. Оваа есен се е во знакот на женственост.

Write A Comment