Вечерниот ритуал за чистење на лицето е секако најважен, но тоа не значи дека изгледот на својата кожа не можете случајно да го влошите правејќи грешки при утринската рутина. Ова се 5 највообичаени лоши постапки кои понекогаш се прават наутро.
- Не го чистите лицето – Миење со обична вода можеби е доволно за среќниците кои имаат беспрекорен тен, но ако имате проблематична кожа, лицето се чисти нежно со блага пена наутро. Цела ноќ се собира прашина од перницата, и тоа многу повеќе ако спиете на стомак или странично, а притоа кожата лачи и себум…
- Не нанесувате хидратантна крема – “Зашто да се става, кога на мојата пудра пишува дека е хидратантна?” Но тоа не е доволно за кожата. Ниту една пудра неможе адеквантно да ја замени кремата која вашата кожа ќе ја заштити од дехидрација, пертање и бори кои би можеле да настанат во иднина.
- Ставате пудра веднаш по нанесување на крема – Секогаш причекајте барем 3-4 минути по нанесувањето на кремата, затоа што ќе направите 2 проблеми. Кремата нема да стигне да се впие во кожата па така кожата нема да добие се што и е потребно, а пудрата ќе се слизне и ќе ја снема од лицето и тоа за неколку часа. Сигурно тоа не го сакате.
- Се шминкате под лошо светло – Знаеме дека е невозможно да се набави совршено осветлување, но барем погледнете накај прозорот на мало огледало пред да излезете од дома. Под лошото осветлување многу е веројатно да сте нанеле повеќе шминка отколку што е потребно.
- Ги чупате веѓите набрзина – Влакна тука, влакно таму само да го поправам… и катастрофални веѓи се веќе тука. Чупањето на веѓите оставете ги за попладне или пак навечер – кога ќе имате повеќе време да постигнување на идеалниот изглед.
