Мода

НЕМА ПОЕДНОСТАВНО: Шест совети за да бидете попривлечни

Применувајте некои од следниве трикови и ќе го постигнете токму тој ефект:

  1. Насмејте се повеќе

Не постои маж, но и ниту една жена која како една од омилените карактеристики на нејзиниот партнер не ја наведува насмевката. Овој едноставен потег на усните нè прави подостапни, весели и поатрактивни. И тоа го подобрува нашето расположение.

  1. Носете црвено

Црвената боја е прогласена за најатрактивна боја, која особено го привлекува вниманието на мажите. Еден од главните аргументи е дека жената изгледа многу повеќе сензуална и женствена кога носи црвена боја.

  1. Насмејте ги другите

Хуморот, по лојалноста и искреноста, е најважната доблест што мажите и жените ги бараат кај своите партнери. Ако спонтано ги насмејувате луѓето што ги сакате и што ве опкружуваат, ќе се чувствувате многу подобро.

  1. Пронајдете го впечатливиот парфем

Изберете го вашиот омилен парфем и направете го вашиот заштитен знак. Освен што ќе добиете комплименти од другите дека секогаш мирисате добро, ќе се чувствувате попривлечно и посигурни.

  1. Обрни внимание на вашиот партнер

Поврзете се со вашиот партнер и покажете му дека се грижите за тоа што има да каже и сослушете го. Обрнете внимание на малите нешта и обидете се да го изненадите вашиот партнер.

  1. Носете штикли

Понекогаш штиклите комбинирајте ги во комбинации со вашите дневни или вечерни костуми, но најдете пар кои се удобен за вас и за кои сте сигурни дека нема да ви пречат.

Напиши коментар