← НАЗАД НА БОЗА

Непријатните моменти што ќе ги преживеете на венчавката

Непријатните моменти што ќе ги преживеете на венчавката
171 Читања

“Сите невести и младоженци се малку нервозни пред венчавката, а тоа е сосема нормално. Но запомнете неколку работи, никој не сака да го уништи вашиот совршен ден”.

Венчавка! Толку многу работи можат да тргнат наопаку!

Чоколадната фонтана може да се исуши, скулптурата од мраз може да се растопи, дождот може да падне и да го расипе расположението, може да се разболите … Изворот на проблемите е непресушен, но не очајувајте веднаш. Ќе се обидеме да спречиме се на време и да ве подготвиме за најголемите проблеми. Продолжете со читањето, бидејќи започнуваме со позитивата.

Сите невести и младоженци се малку нервозни пред венчавката, и ова е сосема нормално. Но запомнете неколку работи, никој не сака да го уништи вашиот совршен ден. И најважно е да не се вознемирувате бидејќи венчавката е вашиот ден од соништата и уживајте во неа.

Еве неколку примери на можни катастрофи кои се случуваат на венчавките:

  • преслаткото тригодишно девојче одбива да фрла цвеќиња кон олтарот
  • за време на церемонијата, се слуша ѕвонење на мобилен телефон. И тоа мелодија која што никако не припаѓа на тој момент.
  • здравицата на кумот започнува со приказна што никој не треба да ја знае. А приказната трае ли трае …
  • неговата/нејзината тетка која сака да испие по некоја чашата кампува веднаш до отворениот бар
  • прашањата како “Кога ќе имате деца?”
  • еден од неговите пријатели и се додворува на вашата 15-годишна братучедка

Знаеме дека сето ова е многу непријатно и напорно да се слушне и да се види, но да погледнеме на позитивната страна. Планирањето на венчавката е завршено и повеќе не треба да трчате наоколу за да ги усогласите сите работи околу неа. Пријателите сигурно танцуваат и се забавуваат. Не заборавајте на тортата која што е преубавааа!

Сите се забавуваат. Верувајте во тоа! Доколку некој се пожали на мала работа само заблагодарете им се за доаѓањето на вашата венчавка. И што е најважно, се венчавте со личност што ја сакате повеќе од животот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk