Човечкиот слух се развива за време на последните три месеци од бременоста, а делови на внатрешното уво одговорни за слухот, во потполност се развиени и се во функција веќе пет недели пред раѓањето, покажуваат најновите истражувања. Бебето ги препознава мелодиите кои се слушале уште во мајчината утроба, покажуваат најновите истражувања на Универзитетот Декарт во Париз.
– Веќе четири до пет недели пред раѓањето, фетусот е способен да распознава звуци од околината, но нема потреба детето дополнително да се изложува на музика, како што многу веруваат. Ако мајката сака да го поттикне детето да слуша убави мелодии, многу е подобро тоа да го стори после раѓањето – изјавува водичот на истражувачкиот тим Каролина Греније Дефер.
Уредите за репродукција на звук, кои мајките ги ставаат директно на кожата, се штетни за бебето, па ако музиката е прегласна или ако предолго трае, може да доведе и до неправилен развој на внатрешното уво, предупредуваат стручњаците.
