ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За кори
* 7 белки
* 125g шеќер
* 2 кесички ванилин шеќер
* 180g печени лешници
* 2 лажици брашно
* 2 лажици какао
* 1 лажица Несквик
* Прашок за печиво
* 100ml масло
За фил
* 1l млеко
* 7 жолчки
* 200g карамели
* 160g густин
* 150g шеќер + 1 ванилин шеќер
* 125g маргарин
* 200ml слатка павлака
За потопување
* Млеко и Несквик
За глазура
* 200g Милка noissete
* 200ml слатка павлака
* 2-3 лажици Несквик
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Белките изматете ги со малку сол, па постепено додавајте ги шеќерите додека не се создаде цврста пена. Истурете го брашното, прашокот за печиво, Несквикот и какаото, па рачно измешајте.
На крајот додајте ги исечканите лешници и маслото.
Печете 4 кори на 180 степени околу 15 минути. Во меѓувреме подгответе го филот.
Ставете 900ml млеко на оган и додадете ги карамелите. Мешајте додека целосно не се стопат. Останатите 100ml млеко изматете го со жолчките, шеќерот и густинот, па додадете ја мешавината во млекото со карамели.
Откако филот малку ќе се излади, додадете го маргаринот и матете со миксер. Слатката павлака изматете ја во посебен сад додека не добиете густ снег, па потоа промешајте ја во оладениот фил.
За да ја подготвите глазурата потребно е да ја оставите павлаката да зоврие, па тогаш да го додадете Несквикот и коцките чоколадо. Оставете целосно да се олади.
Секоја кора натопете ја со мешавината од млеко и Несквик, па прелијте го филот. Преку последниот слој од фил ставете ја оладената глазура.