Art & Crafts

Ништо не се фрла: ПЕТ начини како да се користат искористените кеси со чај!

Не ги фрлајте употребените кеси со чај бидејќи тие се уште можат да бидат корисни за нешто друго. Отстранете ја металната спајалица од кесата и врзете го со конец за да не ви паднат листовите.

Во водата каде што готвите тестенини, пилешко или мешунки додадете ги искористените кеси чај. Кога ќе почне да врие, извадете ги кесите и продолжете да готвите. На јадењето ќе му даде специфичен вкус.

Ако на пример сте исецкале кромид, непријатниот мирис ќе остане во вашите раце, а можете да се ослободите од него кога ќе ги триете рацете со искористените кеси со чај.

Ако немате со што да го омекнете месото, едноставно отворете ја кесата со чај и посипете го врз месото. Ќе има сличен ефект.

Исто така, искористените кеси со чај можете да ги користите и за чистење. Стариот мебел од дрво ќе изгледа како нов ако го протривате дрвото со искористените кеси со чај.

Ако поминете со влажна искористена кеса со чај врз стаклени површини и огледало и после ги поминете со сува крпа, тие ќе бидат беспрекорно изгланцани.

Напиши коментар