Овој пат акцентот е на бојата не на моделот! Сестрите Хадид, како што многупати порано, се виновени за уште еден тренд! Овој пат станува збор за “голи” костими за капење.
Тоа е костим за со боја на кожа. Поентата на овој тип на костими е дека тонот на бојата се топи со бојата на вашиот тен и на тој начин целиот изглед дополнително добива на сексипил.
Сепак, оваа понуда на боја најдобро се вклопува кај девојките со убава фигура, бидејќи на некој начин тоа го прави телото да изгледа практично целосно голо. Освен класичната понуда на бои, која е мешавина на крем и светло розеви нијанси, постојат и варијации на темата кои нудат тонови кои можат да изгледаат одлично иако не се еднакви со вашата кожа, попрецизно ако се посветли од бојата на кожата.