Дестинации

Ново „чудо“ во Кина!

Кинезите навистина имаат сè, вклучувајќи го и овој нов хотел, кој по многу нешта е невообичаен!

Луксузен хотел, кој ќе биде отворен денес во Шангај им нуди на гостите со длабок џеб шанса за многу длабок сон, објави AP.

Хотелот “Интерконтинентал Шангај Вондерленд”(Intercontinental Shanghai Wonderland Hotel) е изграден во длабоката јама на поранешниот рудник, па 16 од неговите 18 спрата се под нивото на земјата, а два се под вода.

“Дизајнирав многу различни видови на згради во Велика Британија, Европа, Дубаи и на други места, но ова е нешто сосема поинакво и стана речиси мое животно дело, поради што можам да кажам дека ова е веројатно најважната зграда што ја дизајнирав”, рече главниот архитект Мартин Јохман, познат по облакодерот Бурџ Ал-Араб во Дубаи.

Реализацијата на проектот започна во 2006 година, но неговото завршување е одложено неколку пати, главно поради техничките барања, како што се строгите прописи поврзани со заштитата од земјотреси и одржувањето на нивото на водата.

Официјалниот претставник на УНЕСКО Мајкл Крофт го оцени хотелот со 336 соби како модел за одржлив развој.”Ние можевме да го напуштиме рудникот, но не го сторивме тоа. Го претворивме во богатство”, рече Су Шитан, потпретседател на градежната група Шимао од Хонг Конг, која го изградила хотелот.

Хотелот е подигнат во Songjiang, во близина на шангајскиот меѓународен аеродром Hongqiao.

Цените за ноќевање се движат од 530 до 860 долари, наведува AP.

Напиши коментар