← НАЗАД НА БОЗА

НОВОГОДИШНИ ИДЕИ ЗА ВЕНЧАВКА ОД СОНИШТАТА

НОВОГОДИШНИ ИДЕИ ЗА ВЕНЧАВКА ОД СОНИШТАТА
34 Читања

“Нова Година е волшебно време и идеално време за венчавка. Ние ви нудиме 15 совети за додатно разубавување на празничното чувство и како да ја направите свадбата уште попосебна на која што сите ќе се сеќаваат со насмевка на лицето”.

Декември е месец на празници и време за дарување кога дури и оние со најтврдо срце уживаат во секој момент.

Нова Година е волшебно и идеално време да се заплови во брачните води.

Свадбите пред крајот на годината се одлична можност да ја покажете вашата личност и да направите забава која што никој нема да ја заборави. Еве неколку совети.

Споделете ја новогодишната атмосфера

Времето на радост, забава и дарување пристигна и не двоумете се да ја проширите новогодишната атмосфера. Декорирајте ги масите како што сакате и дадете им на гостите инспирација за воведен разговор за време на онаа непријатна тишина кога ќе седнат за прв пат на масата. Чаши со капата на Дедо Мраз и сламки со црвени и бели бои и пораки ќе бидат вистински хит. Немојте само да застанете на масите, туку декорирајте ги и ѕидовите.

Свадбен фустан како од приказните

Сите сакаме да бидеме принцези, а тоа најдобро го вели свадбениот фустан. Фустанот на Eлса од цртаниот филм  Frozen е идеален како за почеток. Класичниот бел фустан со крој како на принцезата ќе ја нагласи линијата и ќе ја долови целата атмосфера што ја даваат сите детали и ќе ја направи венчавката како волшебна приказна.

Нокти во празнични бои

Невестата и нејзината придружба можат да одат чекор понатаму и да направат нокти во разни празнични бои и дезени. Снегулка, елка, Дедо Мраз, бор, еден од елените, или можеби токму Рудолф можат да ги разубават ноктите на новогодишната венчавка.

Круна од зимски цвеќиња

Секоја принцеза има потреба од круна. И сега замислете си венчавка во зимските месеци и малку божиќно дрвце, шишарки, златни или сребрени нијанси и круната за принцезата е готова.

Баба Мразица

Сакате да го украсите свадбениот фустан со крзно и да го позајмите изгледот на Баба Мразица. Нема подобар момент за таков outfit од новогодишната свадба. Дури и Викторија Бекам носеше краток фустан во тој стил, па знаете дека тој look е in.

Внесете го опкружувањето во просторијата

Отсекогаш сте биле фасцинирани од тоа како некој ја внесува природата во просторот. Со малку напор, тоа е токму она што можете да го направите. Не само што ќе бидете сигурни дека времето нема да ја расипе совршената атмосфера, но ќе ги оставите сите ваши гости со подотворени усти од чудење и восхит.

Прскалки наместо конфети

Мал детаљ може да направи чуда за секоја венчавка. Заменете ги конфетите со прскалки и уживајте во моментот кога ќе ја напуштите црквата и ќе поминете низ редот од пријатели кои држат прскалки високо во воздухот.

Зимата е време за капа и шал

Играјте се на свадбата со капи и шалови. Дозволете им на момчињата на фотографиите да ги стават капите и шалови околу вратот. Подоцна, ќе се забавувате при гледањето на сликите.

Прекрасен зимски капут или болеро

Зимата е студена и не сакате да замрзнете на својот ден од соништата, а сакате да изгледате прекрасно. Можеби не е лоша идеја да вложите во прекрасен зимски капут во кој што ќе се чувствувате уште попосебни. Ако мислите дека тоа е сепак премногу, размислете за прекрасно болеро кое дополнително ќе ја нагласи убавината на венчаницата и е идеално за зимски свадби. Мал совет за убав и млад изглед: должината на болдерото треба да биде до половината, и ракавите 3/4.

Светилки, светилки и само светилки

Новогодишни светилки! Потсетете се на Чеви Чејс во филмот National Lampoon’s: Christmas Vacation кога ќе ја украсат куќата со светилки и кога конечно ќе ги запали сите светла. Прекрасно! Нема ништо поубаво од оваа атмосфера. Умереното осветлување само ја нагласува убавина и ги крие недостатоците (ако постојат) и делува волшебно.

Класични бои – бело и црвено

Треба ли да кажеме нешто повеќе? Вие знаете сè. Обидете се да се поиграте малку со белата, златната и сребрената боја. Ќе видите дека прават чуда.

Светки на фустаните на деверушите

Декорирајте ги фустаните со светки и направете ги посебни.

Новогодишна атмосфера

Обидете се да ја доловите целата празнична атмосфера во декември. Колбаси, hot-dog, крофнички, варено вино, колачиња, добра забава, уживањето со пријателите и дружењето е целта на секој собир.

Подарок за гостите во форма на вреќата на Дедо Мраз

Без разлика дали биле добри или лоши гостите, дадете им свадбени подароци во вреќа како онаа на Дедо Мраз.

Писмо до Дедо Мраз

Одлична идеја ако имате деца на свадбата е да поставите кутија за писмо за Дедо Мраз. Децата ќе можат да напишат писмо што потоа ќе го стават во кутија и ќе биде многу забавно за нив. Ако немате деца на свадбата, и големите деца ќе уживаат во овој посебен додаток.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk