Режимот на исхрана на идната мајка дефинитивно има влијание врз полот на бебето, што таа ќе го зачне. За да забремените со девојче, конзумирајте редовно храна богата со калциум и магнезиум како например овошје, сирење, ориз и зелен зеленчук, а најмногу и редовно спанаќ, марули, зелка.
За момче пак е важно не тоа што јадете, а што да НЕ јадете – избегнувајте храна што содржи калиум и натриум во која група припаѓаат бананите и компирите. Специјалната диета ќе проработи ако ја почнете барем 9 месеци пред да забремените.
За да ги зголемите шансите за момче или девојче важен е и моментот на зачнување. За девојче треба да правите секс 3-4 дена пред овулација. Причината е во тоа што машките сперматозоиди пливаат побрзо но и умираат побрзо. Женските пак се побавни но и поиздржливи. Па така, ако имате секс точно пред овулација, ќе се обезбедите само со сперматозоиди со Х хромозом, односно хромозомот што дава девојче и тие ќе имаат поголема предност да ја оплодат зрелата јајце клетка.
За да забремените со момче, важно е да го знаете денот на овулација, а ако го погодите и часот, малиот јунак ви е „врзан во крпче“ и спремен за штркот:)