← НАЗАД НА БОЗА

Новото лице на вашиот дом

Новото лице на вашиот дом
145 Читања

Сигурно до сега ви се здосадила монотонијата во вашиот дом. Што да направите за домот да стане ваша оаза на мир, спокојство и убави мисли?

Декоративни перници

Распространете ги декоративните перничиња врз креветот. Тие ќе го подобрат целокупниот впечаток, и ќе остават ваш печат на местото кое треба да ви е најудобно во домот.

Полици на ѕид во боја

Обојте го ѕидот на кој ви се наоѓаат полиците, само нека не биде бела боја. Така предметите на полиците ќе дојдат до израз. Тоа што сте посветиле дел од вашето време на деталите, покажува дека се грижите за вашиот дом.

Играјте си

Забавувајте се со садовите и приборот. Наместо во вазна, цвеќето ставете го во сад за супа. Сладоледот наместо во садови, служете го во чаши за коктели. Сѐ е дозволено, доколку тоа го сакате.

Темен мебел на светол под и обратно

Мебелот во темна боја ќе дојде до израз на светол под, како што се подовите со боја на бор или бука. Темниот под од друга страна, одличен е за контраст со светол мебел.

Сеќавајте се на минатото

Не заборавајте ги убавите моменти од минатото. Затоа во вашиот дом можете да создадете катче за стари фотографии.

Спреј во боја

Достапни се спрејови во боја, а само со еден слој кој ќе го нанесете на страта вазна, ламба или столче, ќе ги претворите во совршени декоративни парчиња.

Внимавајте на тепихот

Во никој случај не ставајте тепих кој ќе го прекрие подот од еден ѕид до друг. Тоа е како да носите сандали со чорапи.

Прошарајте го домот

Не купувајте го целиот мебел од едно место. Играјте си со стиловите и боите, во спротивно домот ќе ви изгледа досадно.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk