← НАЗАД НА БОЗА

Nude makeup: Изберете makeup look за новогодишната ноќ!

Nude makeup: Изберете makeup look за новогодишната ноќ!
87 Читања

Иако, во декември, светките се во преден план, и со т.н. nude look можете да заблескате на божиќните и новогодишните забави!

На русокосите им одговараат беж и светло-кафеави тонови, а пожелна е и златната боја во комбинација со кафеав молив или туш.

Русокосите со сивкаста нијанса на косата изгледаат одлично со сите кафеави тонови, плус нежно розева и злата боја. Кај smokey eyes изгледот најдобра формула е: кафеава, златна боја и црн молив.

Кога станува збор за жени со маслинест тен, на нив им одговараат сите земјени тонови. Како предлог ви даваме и комбинации со зелени нијанси.

Бринетите ќе биде прекрасни ако користат мат кафеав eyeliner и го повлечат да изгледаат како мачка, веднаш до окото во тенка остра линија.

Во природниот look, „помошници“ се хајлајтерите и формулите за strоbing и контурирање. Не сакате да си го позлатите целото лице – истакнете ја внатрешната страна на очниот капак, до носот, тоа ќе им даде посебен сјај на очите.

Погледнете ги нашите предлози за совршен nude look:

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk