Дестинации

Објавено е кога новиот Титаник ќе исплови од пристаништето

Австралискиот бизнисмен и политичар Клајв Палмер, кој гради реплика на Титаник под истото име, објави дека бродот ќе биде подготвен за пловење во 2022 година.

Бродот, наводно, ќе биде идентичен примерок од познатиот “Титаник”, кој потонал во 1912 година кога удри во санта мраз. Со цел да се избегне истата катастрофа, Титаник 2 ќе биде опремен со голем број на чамци за спасување, но исто така и со најнова технологија.

– Патувањето ќе биде исто, ќе се превезуваат патници од Саутхемптон до Њујорк, но исто така ќе оди и во други делови на светот, инспирирајќи ги луѓето да ѕирнат во познатиот Титаник – изјави Палмер во соопштението.

Се вели дека бродот ќе има девет платформи и 835 кабини во кои ќе можат да сместат 2,435 патници, односно прва, втора и трета класа, исто како и кај некогашниот Титаник.

Напиши коментар