Буџетот на кралските семејства, кој е наменет за нивната облека, од минатата година се зголеми за 12 милиони долари. Прифатлив е фактот дека биле потрошени “само” 30 милиони долари годишно на одела, фустани и шешири. Оваа година тој износ се искачи на 42 милиони долари, а овој факт најмногу ги налути даночните обврзници чии пари се даваат токму за тоа.
Секој евент на кој присуствуваат бара нова комбинација облека за секој бидејќи не можат да се појават во истата облека два пати. Но, тоа не значи дека истата и ќе ја платат бидејќи се членови на кралскиот семејство, особено ако се работи за службени настани.
Иако се смета дека голема вина за овие трошоци има новиот член на кралското семејство – Меган Маркл, која сака дизајнирани работи. Но друго пак истражување покажува дека сепак Меган (36) не е виновна.
Заклучокот е дека Кејт (36)е единствена која ја носи својата облека повеќе пати и покрај тоа што е сопруга на принцот Вилијам. Кралицата Елизабета II ги има намалено своите прошетки надвор од палатата и заради тоа нема потреба да има постојано различна гардероба.
Меган на настаните што ги посетувала заедно со принцот Хари (33 години), пред да стане членка на семејството, потрошила на облека 200 илјади долари за да изгледа достоинствено на кралското семејства.