Нивото на стрес хормонот – кортизол и кратките периоди на анксиозност влијаат на полот на детето, успешното зачнување, но и врз идниот развој на детето.
Животниот стил на родителите имаат големо влијание на полот на детото, а жените кои се под голем стрес пред и за време на зачнувањето имаат 75 посто помалку шанси дека ќе родат машко дете, открива студијата спроведена од Универзитетот Oxford на примерок од 338 здрави жени.
На полот на детето влијае и исхраната, начинот на живот како и нивото на стресот на кој е изложена трудницата, тврдат научниците. Жените кои живеат стресен живот воедно потешко затруднуваат, иако од гинеколошка гледна точка потполно здрави.
-Анксиозноста и негативните мисли влијаат на успешното зачнување, но и на идниот развој на детето. Стресот подеднакво лошо влијае како цигарите или алкохолот – вели водителката на студијата, Dr.Cecilia Paper.
На зголеменото ниво на стрес влијаат финансиските проблеми, стравот од иднината и несредените роднински односи, пренесува Daily Telegraph.
