← НАЗАД НА БОЗА

Одличен рецепт за зголемување на хемоглобинот и подобрување на крвната слика.

Одличен рецепт за зголемување на хемоглобинот и подобрување на крвната слика.
211 Читања

Намалувањето на нивото на хемоглобин во крвта, без оглед на бројот на црвени крвни клетки ( еритроцити) , го намалува капацитетот на крвта да пренесува кислород и доведува до анемија. Во народната медицина , постојат неколку рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта. Еден од нив е препорачан од страна на самите лекари, кој е многу добар за зголемување на хемоглобинот , подигање на нивото на крвните зрнца и подобрување на крвната слика .

Да се подготви оваа природна рецепта ќе ви биде потребно :

200 мл мед

200 гр јатки ореви

200 гр суво грозје

200 мл сок од морков

200 мл сок од цвекло

2 лимони

Подготовка :

– Измијте ги двата лимона. Исечете ги на половина и отстранете ги семките. Сомелете ги во машина за мелење месо или на друг начин. Ставете ги во еден сад.

– На смесата од мелениот лимон додадете мед, сок од цвекло и сок од морков. Измешајте . Потоа во оваа смеса додаете ситно сецкани ореви и суво грозје. Измешајте повторно. Ќе добиете литарска тегла, многу вкусна и лековита смеса. Чувајте ја во фрижидер . Земајте по 3 пати дневно по една супена лажица пред јадење.

Бидете здрави !

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk