← НАЗАД НА БОЗА

Одмор од соништата во Акапулко

Одмор од соништата во Акапулко
237 Читања

Мексико дефинитивно може да се вброи во неколкуте најпопуларни светски дестинации, барем кога станува збор за местата покрај брегот. Канкун и Акапулко се два главни адути и бисери на тој дел од Америка, кои секоја година се преполни со туристи кои трагаат по добра забава и одмор од соништата. А, Акапулко е вистински туристички град кој го нуди тоа и многу повеќе.

Акапулко се наоѓа во државата Гуереро која е позната по голем број на содржини – од забава која трае непрекинато, па сè до културни важни знаменитости кои туристите со нетрпение чекаат да ги посетат.

Опуштањето е возможно со терапиите во термалните води, масажите со алги и други слични билки. Banyan TreeSpa е најпознатиот велнес центар во кои секој посетител може да ужива и да се воодушевува на напредните третмани за убавина дадени од природата.

Добро познато е дека Акапулко е преполн со луксузни хотели и спа центри, а едни од најистакнатите се Boca Chica Spa центарот кој се прославил со гламурозниот ентериер, како и со прекрасниот поглед кон брегот.

Луксузот се спојува со природата и во Punta Diamante, ексклузивниот туристички комплекс составен од низа хотели, ресторани, трговски центри и голф терени.

Мирните води на Акапулко се создадени за различни екстремни водени спортови, па затоа постојат и голем број на плажи кои се познати по нуркањето и едрењето, како што се Revolcadero, Puerto Marques и Pie de la Cuesta.

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-02

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-03

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-04

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-05

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-06

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-07

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-08

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-09

akapulko-glamurozna-letna-destinacija-10

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk