
Колонијата на свињи на островот Биг Мејџор Кеј во Бахамскиот архипелаг одамна е туристичка и интернет атракција, но исто така и заштитен вид кој буквално живее во рајот.
Кога овој остров станало игралиште за богатите и славните во осумдесеттите и деведесеттите години, локалните жители што ги чувале свињите морале да ги преместат поради богатите клиенти бидејќи им пречеле мирисите, па дури и самите животни.
До деведесеттите, Биг Мејџор Кеј беше фарма од која околните острови беа снабдувани со свинско месо. Во последниве години, ова повеќе не се случува, иако не постои закон кој всушност ги штити свињите. Во секој момент четириесет свињи слободно уживаат на плажите на Биг Мејџор, и често можете да ги видите како пливаат.
На почетокот на оваа година волонтерите го формираа Здружението на пливачки свињи, непрофитна организација која има за цел да се грижи за нивното здравје, но исто така и за исхраната, особено затоа што свињите го јадат она што посетителите го носат.
Значи, не е невообичаено тоа што штом ќе го слушнат моторот од чамецот, свињите трчаат во морето за што побрзо да добијат јадење.
Само затоа што станаа заштитен знак на овој остров, посветени им се и бројни профили на Инстаграм и Твитер, од кои официјален е @ pigsofparadise. До крајот на оваа година, се очекува и документарец посветен на свињите кои навистина знаат како да живеат.
