← НАЗАД НА БОЗА

Одронети ледови прават хаос по Њујорк

Одронети ледови прават хаос по Њујорк
19 Читања

Како што почнале да се топат снегот и ледот, настанал нов проблем со движењето по улиците на овој град.

Во текот на минатата недела имавме прилика да видиме како снежната бура го заледи речиси цел источен брег на САД. Ниските температури го изненадиле населението и значително го отежнале секојдневниот живот. Аеродромите откажале голем број на летови, училиштата како и другите јавни установи не работеле, а имало и смртни случаи како резултата на екстремно ниските темепратури. Посебно ризична била состојбата на Њујорк.

Снегот го парализирал целиот град и поради тоа гувернерот Ендру Куомо прогласил вонредна состојба. Го замолил населението да бидат внимателни и да не излегуваат од своите домови без посебна потреба.

Колку била лоша ситуација покажуваат и последиците од невремето со кои се соочува моментално градот. Како што почнале да се топат снегот и ледот така направиле хаос по улиците на овој град.

Поради силата на паднатите ледови, одредени автомобиле се целосно уништени. И покрај тоа што материјалната штета може да се поправи, овие мразулци претставуваат опасност и за минувачите.

Доколку не се превземе нешто околу истото, недолжни луѓе може да страдаат заради невниманието на другите.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk