← НАЗАД НА БОЗА

Она што овој пар го прави од старите CD-а е генијaлно, само погледнете ја нивната кујна!

Она што овој пар го прави од старите CD-а е генијaлно, само погледнете ја нивната кујна!
45 Читања

Се сеќаваме на времето кога CD-ата ги заменија поранешните плочи на кои се слушала музиката. Денес, сепак, и тие се заменети со современите компјутери кои служат за слушање на музика.

Се прашувате што да направите со сите оние CD-а што со години ги собирате. Првото нешто што ви паѓа на ум е да ги фрлите. Но, размислете уште еднаш … можеби токму оваа креативна двојка ќе ви пренесе малку инспирација.

Лепењето на CD-ата на ѕидовите може да ви звучи малку лудо, но вашите гости ќе останат без здив кога ќе ја видат таа сцена. Бидејќи позадината на CD-то ја рефлектира светлина, ќе приредите импресивно светлосно шоу кое ќе ја направи секоја соба да изгледа посветло.

Овој процес траеше околу два месеци, а како што велат тие немаат намера да запрат тука. Како го прават тоа?

Најпрво го сечат купот CD-а на помали парчиња. Тие не мора да бидат со некои посебни форми. Колку се поразлични, толку е подобро.

Потоа ги лепат на ѕидот и ги вклопуваат како сложувалка, поставувајќи ги поголемите и помалите делови каде што можат да се вклопат.

Резултатот е прекрасен!

Дали сеуште сте сигурни дека ќе ги фрлите CD-та?

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk