Здраво тело

Осаменоста сериозно го загрозува здравјето

Општествената болка таканаречена осаменост создава промени во телото кои влијаат на процесот на стареење и го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, потврдува едно истражување…

Како што луѓето стареат, нивните кардиоваскуларни функции се намалуваат, а се чини дека осаменоста го убрзува тој процес, објаснуваат истражувачи од Универзитетот Корнел.

Научниците испитале 182 мажи на старост од 18 до 30 и од 65до 80 години. Тие морале да одржат говор и да направат некои ментални експерименти во лабораторијата. Измерен им е крвниот притисок пред, за време на експериментот и после него. Исто така тие морале да пополнат и прашалник за нивните друштвени врски.

Како што се очекувало, постарите лица имале повисок крвен притисок како и поголем кардиоваскуларен стрес, отколку младите личности.

Оние кои сметале дека се осамени, имале многу поголема вредност. Ефектот бил уште поизразен кај постарите лица, кај кои и ризикот бил поголем.

Најзначаен, но за жал и најнепосакуван резултат бил оној кој осамените млади луѓе, здравствено ги изедначил со постарите, кои не биле осамени. Иако некои поранешни истражувања веќе ја пронашле врската помеѓу осаменоста и кардиоваскуларниот стрес, ова е прв пат во едно истражување да се споредуваат и помлади и постари луѓе.

Write A Comment