Сите знаеме колку е корисна сода бикарбоната во домаќинството, но дали сте знаеле дека таа може да направи чудо од кожата, косата и забите?

Сјајна вест за вас е дека можете да направите маска за лице само со овие две состојки: сода бикарбона и ладна вода.
Се што ви треба е една лажица сода бикарбона и една лажица ладна вода. Со смесата направете масажа врз добро исчистеното лице и држете ја околу 10 минути и исплакнете со млака вода. Меѓутоа, ако имате мрсна кожа, пожелно е да ја чувате маската на лицето неколку минути подолго, додека на сува кожа можете да ја држите за неколку минути помалку. На овој начин, ќе ги остраните црнките т.н. blackheads, и ќе ја освежите кожата на лицето. Се разбира, ако вашата кожа е премногу чувствителна и склона кон алергии, треба да се консултирате со вашиот дерматологот пред да ја користите оваа маска.
