Овие необични салати се мешавина од слатки и солени вкусови. Комбинацијата на освежителен зеленчук, фета и слатка диња ќе ги разбуди вашите сетила на необичен начин и ќе направи енергетска бомба во вашето тело.
Состојки:
1 свежа краставица
1 диња, сецкана на парчиња
50 гр Фета сирењеа
2дл сок од лимон
1 лажица оригано
2 лажички печени сусам
2дл маслиново масло
Прстофат сол
Подготовка:
Малку пропржете го сусам семето на огнот, постојано мешајќи го за да не изгори. Тргнете го од оган и ставете го накратко да се олади.
Исечете диња на парчиња и отстранете ја кората. Излупете ја свежата краставица и исечете ја на ролни.
Во сад, измешајте сок од лимон, маслиново масло, оригано и сусамот.
Додајте коцки диња во садот, додадете краставици и истурете го остатокот од лимонов сок. Ставете го во фрижидерот.
Пред сервирање, ставете фета сирење и прелијте со дресингот од лимета, масло и зачини. Послужете ладно со декорација по желба.