← НАЗАД НА БОЗА

Откријте што сака да ви каже бебето кога плаче

Откријте што сака да ви каже бебето кога плаче
98 Читања

На бебешкиот плач родителите реагираат загрижено, исплашено и со страв дека нешто „страшно“ се случува.

На родителите најтешко им е кога гледаат дека бебето сака нешто да им каже, а не може да изговори или плаче, а не знаат зошто.

Понекогаш мајките се водат според инстинктот и случајно го погодуваат она што е потребно, но сите тие гримаси може да се откријат и без проблем, во секој момент да знаете што сака вашето бебе да ви каже.

Штом се намурти, бебето ви кажува дека не се чувствува добро. Ако притоа и плаче можно е да има гасови и грчеви од кои може да го ослободите со масирање на стомачето.

Ако бебето се намурти со широко отворени очи, веројатно во тој момент има течна столица. Ако притоа ги собере и усните, значи дека тоа ќе потрае.

Со ненадејното плачење, викање и фрлање на работите кои ги држи, бебето бара внимание од вас и покажува дека му е здодевно.

Штом ја заврти главата на друга страна и избегнува контакт со очите, бебето покажува дека не сака да комуницира. Тоа го потврдува и ако почне да си игра со прстите.

Секое плачење на бебето може да има различно значење. Иако ви се чини дека тоа е сосема нормално за секое бебе, сепак, потребно е внимателно да размислите и да се обидете да му помогнете.

ПОСТОЈАТ НЕКОИ ЗНАЦИ ПО КОИ МОЖЕ ДА ОТКРИЕТЕ ЗА ШТО ПЛАЧЕ:

Кога бебето е луто плачот е остар и силен.

Кога нешто го боли, плачењето тешко се смирува.

Кога е изморено плачењето е тажно и со прекини.

Кога е исплашено, плачењето е испрекинато, а може да звучи и како врескање.

Во првите три месеци најчесто бебињата плачат бидејќи се гладни. Се препорачува да цицаат на секои 3 часа, а доколку плачат почесто, тогаш и на секој час.

Кога бебето се буди од сон со плачење може да биде гладно или да е исплашено.

По шестиот месец кај бебињата се јавува широк спектар на емоции, поради кои може да биде предизвикано плачењето.

Она што како родители треба да го направите во секоја ситуација, доколку не можете да откриете зошто плаче вашето бебе е следново:

Понудете му да цица

Дајте му вода, можеби е жедно

Проверете дали се чисти пелените

Поткренете го да ждригне

Проверете дали има грчеви и масирајте му го стомачето

Проверете дали му е затнат носот

Проверете дали нешто го стега или чеша

Ако не е ништо од тоа, тогаш сигурно бара малку повеќе љубов, внимание и сигурност кои мора да му ги пружите.

Ако се уште плаче, можеби е потребно да го однесете на лекар за да проверите дали е нешто посериозно од она што го претпоставувате.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk