Sweet Home

Ова е најпосакуваниот стан во Лондон

Поранешното музичко студио во романтичниот лондонски кварт Notting Hill е претворено во импресивен стан вреден 12 милиони долари. Во студиото, познато како Lansdowne House, снимaле речиси сите, од Џон Ленон до најголемата панк група во светот Секс Пистолс. Оттогаш многу работи се промениле во овој фантастичен простор, кој има испишано многу страници од музичката историја.

Сопственичката и дизајнерката на ентериерот Audrey Lovelock, во овој простор се преселила во 2006 година. Просториите се целосно звучно изолирани и без природна светлина, па биле потребни години работа за да се претвори во атрактивен простор за живеење со четири спални соби, галерија, мала вежбална и винарска визба.

Станот има и една убава тераса покриена со зеленило, идеална за летно дружење и утринско пиење кафе. Новиот сопственик кој би го купил станот не само што добива исклучително украсен простор за живеење, туку добива и дел од музичката историја која, без оглед на преуредувањето, сè уште е вткаена во духот на просторот.

seks pistols hotel

seks pistols hotel (2)

seks pistols hotel (11)

seks pistols hotel (9)

seks pistols hotel (8)

seks pistols hotel (10)

seks pistols hotel (4)

seks pistols hotel (7)

seks pistols hotel (3)

seks pistols hotel (5)

Напиши коментар