← НАЗАД НА БОЗА

Ова е причината поради која во вашата beauty рутина треба да биде вклучена и минералната вода

Ова е причината  поради која во вашата beauty рутина треба да биде вклучена и минералната вода
119 Читања

Иновации во областа на убавината, негата на кожата и шминката се случуваат секој ден.

Во последно време, пазарот е се повеќе и повеќе наклонет кон користење на природна козметика и генерално природни извори за нега на кожата.

Еден од најголемите пазари, кога станува збор за производи за нега на кожа е, секако, корејскиот. Но, за разлика од препаративната и декоративната козметика, од Јужна Кореја доаѓа совет за употреба на еден многу евтин производ кој дамите го користат за да ја одржат кожата млада и здрава.

Се работи, верувале или не, за минералната вода. Газираната вода е идеално средство за секојдневно, нежно чистење на порите, што во никој случај не ја оштетува кожата.

Покрај тоа, миењето со овој пијалок ќе и помогнат на вашата кожа да го зголеми производството на колаген, а таа, доколку секој ден се миете со неа, ќе ја измазни површината на кожата и ќе ја регулира количината на лачење на себум.

Наместо да се миете, откако ќе го исчистите лицето, можете да намокрите неколку марамчиња со минерална вода, да ги нанесете на лицето и да дозволите да делуваат неколку минути.

Минералната вода како дел од beauty рутината е потврдена и од дерматолог. Докторката Roberta Del Campo е застапник на овој производ, кој и таа самата го користи за миење поради пониската pH вредност која е 5,5, што е речиси еднаков на фактор на pH вредноста на кожата. Од друга страна, pH вредноста на негазината вода е околу 7, што може да ја иритира и исуши кожата.

Ако имате чувствителна кожа, дерматологот Del Campo истакна дека ќе и биде потребно одредено време на вашата кожа да се навикне на минералната вода, така што во почетокот немојте да ја користите на секојдневна база.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk