Мода

Ова лето е модерно: Јакни без ракави

Јакните без ракави се нова шема ова лето. Може не звучи корисно, исто како чајник без рачка, ама така кажуваат оние кои ги контролираат модните текови.

Јакната има се она што има нормална јакна, само што фалат две работи кои ги знаеме како ракави. Иако изгледа смешно, но ова парче облека може многу добро да се комбинира и да изгледа одлично.

Како да ја носите јакната без ракави:
– По тоа што е видено на модните писти, јакната добро изгледа кога ќе ја облечете над тенка маица во неутрална боја
– со тесни пантолони
– со тесни фармерки
– одлично се комбинираат со меки, женствени сукњи со фалти со светол дезен.
– носете ја јакната со појас за вашата силуета да добие поубав облик.

Write A Comment