← НАЗАД НА БОЗА

ОВА СЕ 3 СИГУРНИ ЗНАЦИ ДЕКА НЕКОЈ ВЕ ЛАЖЕ: Лесно е, а соговорникот нема ни да знае дека знаете!

ОВА СЕ 3 СИГУРНИ ЗНАЦИ ДЕКА НЕКОЈ ВЕ ЛАЖЕ: Лесно е, а соговорникот нема ни да знае дека знаете!
120 Читања

Колку пати сте се запрашале дали некој ви ја кажува вистината или ве лаже?

Заборавете на црвенењето, допирањето на ушите, гледањето на лева страна …

Има знаци кои покажуваат дека некој лаже и тешко е да ги забележите. Но, истражувачите на ФБИ утврдиле дека ќе ги препознаете овие знаци на суптилен начин, така што интервјуерот нема да забележи дека го тестирате.

  1. “Па”

Кога некој ќе одговори на “да или не” прашање со “па”, тоа може да биде знак на измама. Ова значи дека ќе забележите дека тој или таа ќе понуди одговор за кој што знае дека испитувачот нема да го очекува.

  1. “Е”

Овој збор често го зафаќа просторот помеѓу вистината и измамата. Станува збор за полувистини, претпоставки и вербални ексцентрични изјави. Многумина сакаат да ја кажат вистината па одржуваат долги говори за да ја задржат илузијата на вистината, без целосно изложување на истата.

Едноставен тест за ова е да го прашате тоа лице некое директно “да или не” прашање . Ако не може да одговори со “да” или “не” и наместо тоа ви понуди сложени и збунувачки одговори, тоа би требало да биде знак за предупредување. Прашајте повторно и ако го повтори нејасниот одговор, постои веројатност дека тоа е лага.

  1. Запрашајте се ова

Кога искрените луѓе ќе ги прашате зошто да им верувате, најчесто добивате одговор: “Бидејќи ја кажувам вистината”, или нешто слично. Но, лажговците се борат со ова тврдење, најмногу поради тоа што навистина не ја кажуваат вистината.

Тие обично нудат одговор како: “Јас сум искрена личност” или: “Не мора да ми верувате ако не сакате”, што не е исто. Прашањето: “Зошто да ти верувам?”  може да се постави на различни начини, во зависност од чувствителноста на врската.

Погледнете го видеото со 10 начини на кои можете да препознаете дали некој ве лаже или ви ја кажува вистината:

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk