Градинката понекогаш е единствената опција за родителите кои одат на работа. Многумина од нив чувствуваат грижа на совест што детето го оставаат во градинка 6 до 8 часа дневно, но докажано е дека градинката има многу предности за децата. Заради тоа, стручњаците тврдат дека градинката е прифатлив и позитивен избор.
- Градинката ги подготвува децата за во училиште
Детето ќе мора кога-тогаш да го напушти родителското гнездо. Ако оди во градинка, одвојувањето од родителите заради тргнување на училиште ќе биде многу полесно. Згора на тоа децата кои оделе во градинка подоцна имаат многу подобри резултати во училиште.
- Градинката прави децата да се многу покомуникативни
Градинката е одлична прилика за социјализација на деца во рано доба и им помага во полесно совладување на комуникациски вештини.
- Децата кои одат во градинка најверојатно ќе завршат и факултет
Истражувањето на институтот за развој кај децата открил дека децата кои биле вклучени во програмата на детските градинки најверојатно ќе завршат факултет и ќе имаат работа во континуитет.
- Градинката помага во јакнење на имунитетот
Иако децата во градинките често се болни, тоа ќе резултира позитивно во подоцнежните години.
- Децата кои одат во градинка полесно ќе го прифатат здравиот начин на исхрана
Децата кои одат во градинка се храната со нутритивно богата храна бидејќи јадат сите заедно, што подоцна позитивно влијае кога родителите го спремаат истиот тип на храна дома.