Cafe Del Mar

Ова се вежби кои во исто време ги сакате и ги мразите

Кои се вежбите кои прават да се чувствувате истрошено, но во исто време и одлично? Дали има вежба која би сакале да ја избегнете, но се терате да ја направите? Верувале или не, дури и најдобрите тренери за фитнес имаат вежби што ги сакаат и мразат во исто време.

 

“Јас апсолутно би можел да живеам без да трчам”, откри Лекси Стоун, инструктор за тело на Клои Кардашијан.

 

Трчањето е ефикасна форма на физичка активност, но за некои како Стоун е нужно зло.

 

“Никогаш нема да правам склекови во мојот живот”, рече тренерот Никол Винхофер, кој е ужаснат од овие вежби.

 

Кога правилно се изведуваат, склековите се одлична вежба за сите мускулни групи. Оние кои можат да направат неколку серии се чувствуваат веднаш посилни.

 

Инструкторката Жанет Џенкинс признава дека нема поголем предизвик за неа од хит тренингот.

 

“Силно се трудам, но не можам да кажам дека не се чувствувам одлично потоа”, рече Џенкинс.

 

Вежбите кои се најсоодветни за телото и умот, честопати се оние кои прават да се чувствуваме добро и што нè прават подолготрајни и здрави.

Напиши коментар