Убавото време и сонцето ги мамат деца да излезат надвор. Со играњето, трчањето и забавата најверојатно ќе заборават да пијат вода. Исто така има и деца кои гледаат да ја избегнат оваа течност, а не сваќаат колку им е потребна. Како телото на вашето дете, поради постојаното качување по дрва и трчањето низ дворот, може да се хидрира во текот на летото?
Педијатрите ги нудат следните совети: овошјето и зеленчукот – содржат 70 до 95 проценти вода. Зелената салата, краставици, јагоди и лубеници се вистинскиот избор. За да го направите моментот на рехидратација поинтересен, замрзнете сок од јаболко во чашки за време на летната жештина. Овошен јогурт – оваа храна е полна со вода, дури и до 80 проценти, а исто така содржи многу овошје. Се меша во блендер јогурт и 10-200 грама малини, јагоди или боровинки. Ова е здрава храна богата со вода. Овесна каша, грашок и тестенини – апсорбираат вода повеќе од 50 проценти од нивната тежина.
Затоа користете ги и пронајдете креативни начини да ги вметнете во исхраната на вашите најблиски.