Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур е еден од најпрометните аеродроми, од неговото отворање во 1998 година, посетителите ги воодушевуваат со џиновски дрвја и палми во голема стаклена капсула во средината на аеродромот.
Меѓународниот аеродром Хамад во Катар беше отворен во 2014 година. Во својот комплекс има 25 метри долг базен кој е отворен за јавноста. Билетот чини 35 долари, а цената вклучува базен, џакузи и фитнес.
До 2008 година, Меѓународниот аеродром во Дубаи беше најголемата зграда во светот. Таа содржи голем број на продавници, ресторани, спа центри, места за спиење, како и простор за деца.
Aеродромот Cangi во Сингапур се смета за најдобар во светот. Има базен на покривот, неколку рибници и езерца опкружени со цвеќиња, водопад, слајдови и луксузен хотел.
