Cafe Del Mar

Овие работи под итно да ги носите во теретана

Кога одите на фитнес, сигурни сме дека не размислувате премногу за хигиената на местото кај се наоѓате. Сепак, лекарите советуваат дека ризикот од инфекција во спортските сали е многу опасна. Неодамнешните истражувања покажаа дека салата е по извалкана и од тоалетите. Огромен број на испотени луѓе подразбира дека бактериите се размножуваат како луди.

Научниците се занимавале само со ова прашање и сакале да утврдат колку се валкани спортските сали  и дека секој пат кога ќе одеме таму ние ризикуваме да се разболиме. Резултатите сигурно ќе ве шокираат.

Тестирани се многу спортски сали, од кои некои се прогласени за најдобри спортски сали во некои градови, а особено се тестирале различни справи и тегови. Констатирано е дека теретаните се исклучително валкани и теговите содржат голем број на бактерии.

Најобичните тегови што најверојатно ги користите илјада пати содржат 362 пати повеќе бактерии од тоалетот. Освен теговите, нај валкани работи во спортската сала беа и велосипедите за трчање. 70% од бактериите пронајдени на овие уреди и опрема беа опасни за здравјето, што значи дека тие можат да доведат до болести и здравствени проблеми.

Затоа ве советуваме со вас во салата, секогаш да носите една работа, а тоа е  ASEPSOL. Асепсолот е специјален раствор кој се користи за дезинфекција и привремено ги убива сите бактерии. Однесете една крпа и овој раствор, и пред употреба избришете секоја справа или подлога на која лежите, бидејќи само на овој начин ќе бидете сигурни дека вежбате во здрава средина која не содржи опасни бактерии.

Луѓето кои поминуваат многу време во теретана најчесто имаат проблеми со кожата и респираторните заболувања, бидејќи преку  кожата бактериите многу лесно се пренесуваат. Меѓутоа, ако го користите асепсолот и ако се грижите за хигиената, тогаш ќе можете да ги избегнувате овие проблеми.

Write A Comment