ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 3 јајца
* млеко
* 2 лажици шеќер
* 2 лажици какао
* 2 чаши брашно (300 грама)
* малку сол
* масло за премачкување на тавата
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата заедно со солта и шеќерот. Додадете 1 чаша млеко и мешајте. Потоа ставете го брашното и повторно измешајте. Започнете да додавате млеко, додека не добиете течна смеса без грутки. Додадете го какаото и измешате добро за да се соедини целата смеса.
Во добро загреана тава, намачкана со масло, ставајте од смесата и испечете палачинки.
